РЖ Интер Трансшпед оствари загуба од 3,3 милиони денари во првото полугодие

24

intertransped

РЖ Интер Трансшпед  од јануари до јуни оваа година работеше со загуба од 3.340.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа загуба од 3.063.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во ова полугодие имаа вредност од 15.172.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 28.214.000 денари.

РЖ Интер Трансшпед е компанија за обезбедување транспортни услуги во копнениот и железничкиот сообраќај.