РЖ КПОР за девет месеци евидентираше загуба од 11,7 милиони денари

62

rz-kpor

РЖ КПОР евидентираше загуба од 11.795.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, загубата на компанијата изнесуваше 15.224.000 денари.

Приходите од продажба од јануари до септември 2016-та година изнесуваат 29.079.000 денари. Поголемиот дел од нив 28.902.000 денари е остварен на домашен пазар, додека 177.000 денари се реализирани на пазари во странство.

Основна дејност на РЖ КПОР е изнајмување и давање под закуп, како и давање на кадровски, правни и други услуги.