Саса инвестира во подобрување на безбедноста на рударите

23

Рудникот за олово и цинк Саса продолжува со инвестициии за подобрување на безбедноста и здравјето на рударите.

Саса во опрема на рудничката амбуланта со специјално санитетско возило, дефибрилатор и други медицински апарати инвестираше 50-тина илјади евра.

Откопот на руда, техничко-технолошкиот процес во флотацијата и производството на оловно-цинкови концентарти во Саса се одвива континуирано во текот на целото деноноќие, поради што е обезбедено и 24 – часовно присуство на лекар и друг медицински персонал.

Во рудникот се засилени превентивните мерки кон сите вработени, со цел да се намалат повредите на работа и евентуалните несреќни случаи. Воведени се, и редовно се практикуваат, алко тестови на рударите и задолжителни систематски прегледи за сите вработени.