Seavus отвори нови канцеларии во Охрид и Крагуевац

5

SeavusLogo-ColorНајголемата софтверска компанија во Македонија, Seavus, го продолжува својот раст, воден од зголемениот обем на работа и влезот во нови сегменти од ИТ индустријата.

Насочени кон отворање на нови канцеларии во поширокиот регион на Југоисточна Европа во јануари и февруари годинава, Seavus отвори две нови канцеларии, во Охрид, Македонија и во Крагуевац, Србија.

Технологиите на кои ќе се работи во овие две канцеларии се .NET и Java, но тоа нема да се единствените кои ќе се практикуваат токму поради зголемените барања за модерни технолошки решенија на интернационалните и локалните пазари.

Преку инвестирањето и отвoрањето на нови канцеларии во земјава, компанијата инвестира во развојот на локалните ИТ таленти помагајќи им да се придружат кон тимот кој постојано се стреми кон иновации и секојдневно бележи раст.

Водени од желбата за поголем развој на оваа индустрија во Македонија, компанијата вложува во отвoрање на канцеларии надвор од Скопје, во градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на ИТ кадри. Со тоа Seavus придонесува и за развој на помалите градови преку отвoрање на нови работни места.

Регионално, Seavus e присутен преку канцелариите во Белград и Ниш, а на своите први проекти веќе активно работи и новоотворената канцеларија во Крагуевац.

Трендот на ширење на Seavus ќе продолжи во 2014 година со уште најмалку 2 канцеларии. Фокусот на ИТ гигантот во овој период е насочен кон другите градови во Македонија, регионот и Југоисточна Европа.