Што е диверзификација?

2262

jajaca

Фото: Pexels

Диверзификација претставува напор на една компанија да го прошири својот асортиман на производи или услуги преку разновидност со што се обезбедува посигурен бизнис и се намалуваат ризиците. Ширината на диверзификација зависи од големината и финансиската моќ на компанијата.

Постојат три основни видови на диверзификација:

Вертикална диверзификација

Хоризонтална диверзификација

Странична (латерална) диверзификација

Вертикалната диверзификација подразбира продлабочување на производната програма, задржувајќи ја суштинска врска и преку проширување или воведување нови активности. Овој вид на диверзификација има за цел да ги контролира сите важни фази на процесот на производство и дистрибуција на производи (преку контрола на снабдување и продажни канали). Ризиците и ограничувањата на вертикалната интеграција се: застареност во случај на појава на нова технологија, појава на тесни грла, факт дека успехот на целата компанија зависи од побарувачката за финални производи.

Хоризонталната диверзификација е деловна политика во којашто се врши вклучување во производството на комплементарни или конкурентни производи. Кај хоризонталната диверзификација, новиот производ или услуга мора да биде поврзан со постојниот преку технологија или маркетинг. На пример, производителот на патнички автомобили е хоризонтално диверзифициран ако вклучува производство на воени возила, земјоделски возила итн.

Страничната (неповрзана, несродна) диверзификација е ситуација во којашто се преминува на производи коишто целосно се разликуваат и немаат никаква врска со претходните. Тоа беше особено популарно во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Мотивите за овој тип на диверзификација може да бидат: профитабилни инвестиции, раст на цените на акциите, додека ризикот е неизвесноста и непознатото што со себе го носи влегувањето во нови деловни области.