Што најмногу го ограничува производството во преработувачката индустрија?

53

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2020 година е намален за 0,3 процентни поени во однос на октомври 2020 година и изнесува 13,5, а во однос на ноември 2019 година е намален за 8,6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2020, во однос на октомври 2020 година, е непроменета, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на ноември 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2020 година изнесува 68,5% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,3%, неизвесното економско опкружување со 18,1%, недостигот на квалификувана работна сила со 15,1% и недоволната домашна побарувачка со 13,6%.

Фото: Freepik