Скопјанец со најдолг пензионерски стаж од 58 години

156

1.800 пензионери во Македонија примаат пензија подолго од 40 години. Податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, покажуваат дека пензијата најдолго стига на сметката на едeн жител на Скопје кој пензијата ја добива од 1963 година.

Корисникот со најдолг пензиски стаж е од Скопје со стаж од 58 години, велат за Локално од Фондот за ПИОМ.

Статистиката на Фондот за ПИОМ укажува дека кога станува збор за најстарите корисници, на листата приматели на пензија има 34 стогодишници, односно луѓе кои се родени далечната 1922 година и порано. Во однос на годините од животот до кога во просек се прима старосната пензија, мажите и жените се изедначени. Според податоците на Фондот, пензија во просек се добива до навршени 70 години.

Просечна возраст на корисниците на пензија е 70,83 за мажи и 70,51 за жени, велат за Локално од Фондот за ПИОМ.

ПИОМ нема податоци во однос на тоа кои категории на пензионери се најдолговечни односно дали се тоа градежните работници, административците или земјоделците но се знае дека најдолг пензиски стаж имаат вработените во полицијата и армијата.

Најдолг пензиски стаж имаат осигурениците од посебните категории (МВР, АРМ) и оние кои работат на работа каде што стажот се смета со зголемено траење (бенифициран стаж), велат за Локално од Фондот за ПИОМ.

Бројките објавени на интернет страницата на фондот за ПИОМ покажуваат дека во 1990 година просечниот стаж бил 24 години а во 2004-та бил 27 години.

Фото: Pexels