Словенија собра пола милијарда евра преку 60-годишна државна обврзница

68

Словенија на меѓународниот финансиски пазар се задолжи за 500 милиони евра преку државна обврзница со рок на доспевање од 60 години, што е најдолга рочност досега, објави словенечкото министерство за финансии.

“Издадени се 60-годишни обврзници во висина од 0,5 милијарди евра, со принос на достасување од 0,70% и купонска каматна стапка од 0,6875%, што споредливо со условите на задолжување за земји како што се  Франција и Белгија“, соопшти тамошното министерство.

Тоа е второ овогодишно издавање на државни обврзници, откако на почетокот на јануари Словенија издаде 10-годишна обврзница во вредност од 1,75 милијарди долари, за првпат по негативна каматна стапка, а емисијата на 30-годишните обврзници ја дополни за уште 250 милиони евра.

Вкупно, Словенија под поволни услови оваа година обезбеди 2,9 милијарди евра долгорочно финансирање за потребите на државниот буџет, во склад со владината програма за финансирање.

Со новото задолжување, меѓу останатото, се отплатени 1,65 милијарди евра доспеан долг и камата, а до крајот на оваа година доспеваат дополнителни 1,95 милијарди евра долгови.

Фото: Freepik