Состојбата во градежништвото е поволна

15

construction-worker-career1Според раководителите на компаниите од областа на градежништвото економската состојба во првото тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во споредба со истиот период минатата година.

Од Државниот завод за статистика велат дека подобра е и оценката за финансиската состојба на компаниите, а поволни се и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период.

Исто така поволна е и оценката за сегашната состојба со порачки (договори), а се подобрува и е над нормала и бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата.

Во следниот период се очекува продажните цени да останат на исто ниво како и во претходното тримесечје.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 24,5%, недоволната побарувачка со 18,8%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 12,1% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10,8%.