Стопанска банка ќе наплаќа провизија за водење неактивни сметки со мало салдо

192

Стопанска банка АД – Скопје, ги известува своите корисници дека почнувајќи од 06 јули наплаќа надомест за водење на неактивни сметки со мало салдо до 300 денари, во висина од 20 денари месечно.

Овој надомест ќе се наплаќа од денарски и девизни сметки на физички лица, при што неактивна сметка е онаа сметка на која не се евидентирани трансакции направени од страна на клиентот во последните 12 месеци.

За детален увид во актуелните надоместоци,клиентите можат да се обратат во Филијалите на Банката, во 24/7 Контакт центарот на (02) 3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страницата на Банката (во тарифни точки 57.63 и 58.46).