Тегла мед чини колку половен автомобил

313

Elvish honey е мед по потекло од Турција којшто чини мало богатство. За една тегла од овој мед треба да се одвојат околу 5.000 евра, колку што чини еден солиден половен автомобил.

Што го прави овој мед толку посебен? Не се создава во вообичаените кошници што ги поставуваат пчеларите, туку пчелите го прават во пештера во североисточниот дел на Турција. За да може да се извади овој мед, пчеларот треба да биде и добар планинар.

“Медот се произведува на природен начин и без кошници. Подрачјето е богато со ендемски и лековити растенија. Сето тоа влијае на цената, а добро е да се знае дека затоа е лековит“, вели Ѓунај Гундуз, пчелар кој го вади овој вид на мед.

Пред пет години, истиот овој мед достигнал цена од околу 45.000 долари, пренесува Tree hugger.

Фото: Freepik