Технолошки трендови што треба да се решат во 2021 година

29

Дигитализацијата е загатката што ни недостасува, ако сакаме да ја завршиме сликата што ја создаваме во 21-от век.

Покрај тоа, како што поетски пишува во анализата бриселски Политико, “Пандемијата се надвисна над 2020 година како темен облак и однесе милијарди луѓе во карантин. И покрај пристигнувањето на вакцината, светската економија е во рецесија, чии ефекти ќе се чувствуваат со години“.

Светот на технологијата не остана имун на сегашната криза, иако тоа е област која се спротивставува на бројните удари. Милиони започнаа да работат од дома преку ноќ (порано беше пракса за помал дел од населението), а дигиталните технологии што ги нудат Facebook и Аmazon станаа “јавни услуги“, додека брзиот Интернет не е луксуз – веќе основна потреба.

Анализата се осврнува и на феноменот на Zoom, апликации за видео повици… Нивната моќ претендира да остане и кога ќе помине короната.

Политико издвојува  трендови што треба да се решат во 2021 година:

Фокусот е ставен на технолошките гиганти, кои ја “искористија“ пандемијата Ковид-19 за да го прошират своето влијание.

Кога станува збор за вкоренети невистини, Политико наведува дека лажните вести се веќе дел од секојдневниот живот и дека пандемијата го легализирала тој тренд. Се наведува дека оние кои шират дезинформации, се потпирале на влијателни социјални мрежи, примарно ширејќи приказни за негативните несакани ефекти од вакцинацијата.

Се зборува и за тоа какви ќе бидат потезите на Џо Бајден, пред сè кога станува збор за сајбер безбедност, но и кога станува збор за управување со содржини на социјалните мрежи.

Фото: Pixabay