Цената на нафтата минатата недела порасна за речиси 4 отсто

17

На светските берзи минатата недела цената на нафтата порасна за речиси 4 отсто, по падот во претходните три недели, бидејќи се очекува зголемување на побарувачката на „црното злато“ во втората половина од годината.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 3,8 отсто, на 82,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,9 отсто, на 78,54 долари.

По три недели пад, цените значително пораснаа минатата недела бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), како и американската инвестициска банка Голдман Сакс, очекуваат релативно силна побарувачка во втората половина од годината.

ОПЕК потврди дека очекува побарувачката да порасне за 2,25 милиони барели дневно оваа година, а Goldman Sachs предвидува солидна побарувачка во САД во текот на летото и пазарен дефицит во третиот квартал од 1,3 милиони барели дневно.

Американските власти малку ги подигнаа проценките за побарувачката, па очекуваат и дефицит во понудата барем до почетокот на зимата.