Цени во земјоделството во февруари

23

Кај инпутот на цените во земјоделството во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 8,4%, а кај аутпутот има зголемување од 5,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на цените на тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 91,1, а индексот на цените средствата наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 100,9.

Во делот аутпут, во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99,6.