Цени во земјоделството во март

28

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.1 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1,3%.

Во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102,4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98,4.

Во делот аутпут, во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101,5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.