Цените на угостителските услуги во ноември останаа непроменети

24

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во ноември 2020 година, во споредба со октомври 2020 година, останаа на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување од 0,1% е забележано во групата Храна.

Цените на угостителските услуги во ноември 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,5%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2019 година се зголемени за 0,4%.

Фото: Freepik