ТТК Банка ланската година ја заврши со добивка од 90,6 милиони денари

71

ТТК Банка минатата 2020 година ја заврши со добивка од 90.630.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2019-та година, банката прикажа добивка од 108.369.000 денари.

“Остварениот позитивен финансиски резултат во 2020 година е со квалитет којшто ја зацврстува стабилностa на Банката и перспективата за здрав раст во наредниот период. Тој е резултат најмногу на ефектите од редовните приходи на Банката и е значително подобар од оној што менаџментот на Банката го предвидуваше со финансискиот план на почетокот на здравствената криза“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати.

Нето приходите од камати, како што се наведува, остануваат основна компонента во формирањето на вкупниот оперативен приход на Банката со учество од 58,2%. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2020 до 31.12.2020 година изнесуваат 269,3 милиони денари и бележат пораст од 0,4% во однос на истиот период минатата година, пред сè како резултат на континуираното кредитирање кон секторот домаќинства. Планираните нето приходи од камати се остварени со 96,4% од Финансискиот план.