УСАИД ќе го реализа проектот Експанзија на мали бизниси

16

Во североисточниот плански регион ќе се реализира проектот на УСАИД Експанзија на малите бизниси. Целта е осознавање на потенцијалите и можностите за заеднички пристап и заемни активности на населението од локалните заедници кои имаат или би имале заемен интерес во учесто на развојни проекти.
“За една година треба да се формираат две локални акциони групи во два микро региони во североисточниот плански регион. Првиот се однесува на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, додека вториот е Кратово, Ранковце и Крива Паланка”, вели раководителот на Центарот за развој на североисточниот плански регион Младен Протиќ.
Групите мора да бидат регистрирани во Централниот регистар, по што со нивната регистрација би имале пристап кон ЕУ Фондовите и Националните Програми на Република Македонија.
“Во локалните акциони групи треба да бидат вклучени општините, невладините организации, бизнис заедницата кој треба да доминира со над 50% во акционата група”, додаде Протиќ.
Проектот покрај помош при идентификување на локалните акциони групи ќе овозможи и градење капацитети на акционите групи преку обуки, помош при идентификување на приоритетите и изработка на мини проекти. Проектот ќе трае една година.