Увозот на Кина намален за 0,6% во 2020 година

54

Кина во текот на минатата година увезе производи во вредност од 2.056 милијарди долари, што претставува пад од 0,6% во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 56,3% од увозот на Кина лани беше од азиските земји, по што следат европските партнери на Кина со 18%.

Освен што најмногу ги извезува, Кина најмногу увезуваше електрична опрема во 2020 година и тоа во вредност од 548,7 милијарди долари или 26,7% од вкупниот увоз. Потоа следат: минерални горива (267,6 милијарди долари), компјутери (192 милијарди долари), руда (180 милијарди долари), медицинска апаратура (99,1 милијарда долари)…