Узунов: Пандемијата доведе до два нови феномени – reshoring и nearshoring

113

Кризата од пандемијата на светско ниво доведе до два нови феномени, на англиски јазик познати како reshoring и nearshoring, односно се работи за процес на преселување на постојни фабрики и други капацитети од развиените држави што се наоѓаат како странски директни инвестиции во подалечни економии, кон поблиски економии/држави. Всушност, тоа е процес спротивен на процесот на offshoring, вели професорот Ванчо Узунов во интервју за Локално.

“Во таа смисла, се очекува дека одреден број на фирми од држави членки на ЕУ што имаат свои погони и фабрики во Азија (пред сè во Кина), да почнат со нивно постепено преселување кон поблиски дестинации, а една од нив ќе биде Западниот Балкан. Тоа ќе отвора процес на создавање на нови можности за ширење на бизнисите, па ние не би испаднале многу интелигентни ако ни се случи, да речеме после десеттина години, со анализите заклучиме дека сме ги пропуштиле. Се надевам дека тоа нема да се случи“, вели Узунов во интервјуто.

Во блиска иднина други дејности и гранки на економијата, и на друг начин на организирање на работењето на економијата, на фирмите, на институциите и сл., а не тие што ги знаевме, “ќе (треба да) бидат наше секојдневие’’. Како неопходност го посочува фактот дека овој процес треба да оди паралелно со закрепнувањето на економијата и вели: “Според мене, не може и не треба да се чека прво да помине пандемијата, па ќе видиме што ќе биде и како ќе правиме. Тоа е многу погрешно. Време нема ниту за жалење и сентимент, а не па за чекање’’.

Сугерира потреба од промени и во досегашниот модел на помош за компаниите од страна  на државата во форма на заеми. „Треба да се стави крај (освен ако не произлезе да биде сосема неопходно) на давање заеми за спасување, а треба да се дава помош за закрепнување’’, заклучува Узунов.

Фото: Pexels