Витаминка за 54% ја зголеми кварталната добивка

81

Фабриката Витаминка од Прилеп во периодот јануари – март оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 12.453.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прикажа добивка од 8.107.000 денари.

“Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 12.453.000 денари, којашто во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 54%“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март, изнесуваа 709.522.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 443.502.000 денари, а остатокот од 266.020.000 денари е продажба на пазари во странство.

“Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност. Препораките од монетаристите – НБРМ или Централната Европска банка, банките  да се воздржуваат од исплата на дивиденди и зачувување на ликвидноста е јасен сигнал дека е потребна  посебна грижа за готовинскиот тек на друштвото“, стои подолу во Образложението.

Фото: Facebook