Вкупна потрошувачка на енергенти во февруари

20

Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 749.141 МWh електрична енергија, 14.885 мил. nm3 природен гас, 618.696 тони јаглен и 58.214 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за февруари оваа година.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 59,1% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,3% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.