Вкупна потрошувачка по видови енергенти во април 2016

22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2016 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти во Република Македонија изнесува: 575.485 МWh електрична енергија, 4.804 мил. нм3 природен гас, 441.255 тони јаглен и 90.069 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 67,8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,4% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.