Во Германија, капацитетот на сончевата енергија се зголеми за 35% во првите четири месеци од 2024 година

17

Во Германија во првите четири месеци инсталираните капацитети за сончева енергија се зголемени за 35 отсто во однос на истиот период лани.

Растот беше поттикнат од поголема индустриска и комерцијална активност побарувачката, објави Ројтерс.

Од почетокот на војната во Украина и ненадејниот пад на рускиот извоз на фосилни горива во Германија, Берлин донесе неколку закони за поголема употреба на сончевата енергија.

Тие закони беа усвоени како дел од планот за покривање на 80 отсто од потребите за потрошувачка на енергија на Германија од обновливи извори до 2030 година и за постигнување климатска неутралност до 2045 година.

Новиот капацитет за соларна енергија порасна за повеќе од пет гигавати (GW) во првиот квартал од оваа година, бидејќи 56 отсто од бизнисите и повеќе од 60 отсто од сопствениците на имот во најголемата европска економија се заинтересирани да инвестираат во соларни системи.