Во јануари зголемена продажбата на земјоделски призводи за 42,7%

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јануари 2014 година изнесува 1.321.155 илјади денари, што претставува зголемување од 47,2% во споредба со јануари 2013 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 54,4%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е зголемена за 12,7%.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај индустриските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи и рибата, а намалување на вредноста е забележано кај житата, зеленчукот, фуражните растенија и грозјето.