Во Скопје станбениот квадрат поевтин за 6,5%

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2013 изнесува 46.825 денари, што е за 6,2% помалку во однос на 2012.

Во Скопје, просечната цена на еден метар квадратен изнесува 54.857 денари, што е за 6,5% помалку во споредба со 2012 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесува 39.264 денари, што е за 9,4% помалку во споредба со 2012.

Што се однесува до просечната цена на еден метар квадратен во второто полугодие од 2013, таа е намалена за 12,5% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето е за 8,1%.

Наведените просечни цени на еден метар квадратен станбена површина се без данок на додадена вредност.