За што сè служи златото?

1122

Златото е благороден метал со повеќекратна намена. Станува збор за метал со жолта боја, што има поголема примена за разлика од други метали или минерали.

Златото со векови наназад се користи за изработка на накит и украсни предмети. Вкупно 78% од рециклираното или ново добиеното злато се користи за изработка на накит. Меѓу карактеристиките што го прават идеален за изработка на накит се: има висок сјај, лесно може да се моделира, има висок степен на отпорност и долготрајност… За да се добие жолто злато се користат и одредени легури, како што се бакар (9%), сребро (16%) и жолто злато (остатокот од 75%). За добивање бело злато се користи: паладиум (17%), бакар (4%), сребро (4%) и злато (75%). Чистото злато секогаш ја има ознаката 24К – карати.

Поради ограничената понуда и високата вредност, златото долго време служело како средство за размена и зачувување на вредност. Скоро сите земји во светот, во рамки на своите девизни резерви, чуваат одредена количина на таканаречено монетарно злато. Ова има за цел да ја одржува стабилност и солвентноста на земјата на долг рок.

Овој благороден метал, исто така, има широка примена и во медицината. Злато се вградува во здраво ткиво на пациент од малигно заболување, за да помогне во негово лекување. Постојат и други методи што наоѓаат медицинска примена на златото. Златни легури се користат и во стоматологијата, бидејќи овој благороден метал е отпорен на различни хемиски реакции.

Фото: Pixabay