Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

39

Фото: Pexels

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2019 година е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на март 2019 година и изнесува 20,8, а во однос на април 2018 година е зголемен за 1,5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2019, во однос на март 2019 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на март 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на април 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2019 година изнесува 69,5% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26,8%, недоволната странска побарувачка со 16,6% недоволната домашна побарувачка со 14,9% и неизвесното економско опкружување со 10,7%.