Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари

20

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2020 година е зголемен за 0,1 процентни поени во однос на јануари 2020 година и изнесува 22,7, а во однос на февруари 2019 година е зголемен за 2,2 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2020, во однос на јануари 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се незначително зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на февруари 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2020 година изнесува 71,4% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26%, недоволната странска побарувачка со 18%, недоволната домашна побарувачка со 14,4% и неизвесното економско опкружување со 12,7%.

Фото: Pexels