Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули

21

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2016 година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2015 година е зголемен за 5,6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2016, во однос на јуни 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на јули 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2016 година изнесува 64,9% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 26,2%, недоволната домашна побарувачка со 21,4%, недостигот на квалификувана работна сила со 14,7% и неизвесното економско опкружување со 8,9%.