Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

16

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава се повисоки за 5,2 отсто на месечно и за 22,3 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 5,7 отсто, Капитални производи за 28,8, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,8, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,3 и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто.

Во споредба, пак, со март 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 40,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 25,9, Капитални производи за 73,7, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,9 отсто.