Зголемено производството на шумски производи во третото тримесечје од годината

21

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2016 година, во однос на третото тримесечје од 2015 година, е зголемено за 1,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, огревно дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.