Зошто работодавците треба добро да размислат пред да отпушат во време на криза

83

Отпуштањата им помагаат на компаниите на краток рок со намалување на нивните трошоци, но на долг рок тие можат да бидат погубни за нив, велат американски научници.

Многу компании се бореа со рецесијата во 2008 година намалувајќи ги трошоците, што всушност значи отпуштања. Само американските компании отпуштија над осум милиони вработени од почетокот на кризата до 2010 година.

Колку имаа корист од тоа? Многу малку, велат научници од универзитетите Обурн, Бејлор и Тенеси. Нивното последно истражување,  покажува дека отпуштањата, наместо да се намалат, го зголемуваат ризикот од банкрот.

Причината за тоа е губење на знаење и вештини, оптоварување на другите вработени кои потоа губат продуктивност, недоволно време да ги следат новите трендови и да научат нови работи и губење на довербата на останатите вработени во управувањето и потоа пад на нивниот ангажман на работа, како и лојалност. Долгорочна последица на сето горенаведено е пад на иновативноста, а денес во свет кој се менува со невидена брзина, тој е неопходен за успешен бизнис.

Низ бројки тоа изгледа вака: научниците го испитуваа деловниот процес на 4.710 компании коишто котирале на берзите, во петгодишен период по 2010 година. Анализираните компании доаѓаат од сите гранки на економијата, почнувајќи од услужниот сектор, преку технологијата, сè до производството. Од вкупниот број компании, 24% од нив ја намалиле својата работна сила за три или повеќе проценти во 2010 година. Во тие 24% од компаниите имало двојно повеќе банкротства отколку кај оние кои не отпуштиле или отпуштиле исклучително мал број луѓе. Тие компании веќе немаа доволно персонал за да им помогнат да растат и да го следат времето.

Фото: Freepik