Хируршки маски (не)ефикасна заштита од корона вирусот

540

Светот е преплавен со фотографии на луѓе кои плашејќи се за своето здравје носат хируршки маски. Истата глетка е и кај нас, па се поставува прашањето дали и колку овие маски можат да помогнат да се заштитиме од можна зараза со корона вирус?

Експертите уверуваат дека не постојат докази што покажуваат дека маските можат да ги заштитат здравите луѓе од добивање или ширење на инфекции. Тие сметаат дека на здравите луѓе не им е од корист да се шетаат со хируршки маски во јавност во обид да се заштитат од вирус што се пренесува преку воздух.

Некои маски дури имаат и предупредување дека “носењето хируршка маска пружа ограничена заштита од инфекции и маската официјално не им се препорачува на здрави луѓе“. Добро е да се знае дека маската е дизајнирана да помогне и да спречи заразено лице да ја шири болеста.

Користењето на хируршки маски во болниците се разликува од нивната употреба во секојдневниот живот, бидејќи болничкиот персонал е во постојан контакт со заболени лица и поради тоа се изложени на поголем ризик. Затоа, маските се наменети на лекарите и медицинските сестри. Според лекарот, Клеменс Вендтнер, бесмислено е долготрајно носење на маски.

Ако се навлажни, маската ја губи заштитата за околу 20 минути, што значи дека за ефикасна заштита треба постојано да се менуваат маските.

Единствено, специјално дизајнирани маски можат да значат и поголема заштита, но тие не се наменети за секојдневна употреба бидејќи го отежнуваат дишењето.

По кој знае кој пат се повторува ставот дека најефикасна заштита мерка е добрата хигиена, посебно редовно миење на рацете.

Фото: Pixabay