Книги, мебел, тијари, чинии, вазни се само дел од артефактите кои вредат милиони долари. Тие се посебни на свој начин, изработени во злато, сребро, процелан и други материјали, облеани со дијаманти, рубини, смарагди. Ова е листата на топ 10 најскапи антикивитети кои некогаш биле продадени.
Германска кралска чинија за супа
Чинијата за супа на Луј XV е изработена во 1733 година, а продадена е во 1996 година за 10,6 милиони долари. Чинијата е сребрена и е изработена во Рококо стил.
Старинска маса за секретари
Масата за секретари е рачно изработена во 1760 година од семејствата Годарт и Таунсенд. Вакви маси биле направени од седум до девет, а до денеска опстанала само една, коjа во 1989 година е продадена за 12,4 милиони долари.
Илустрирано фолио од Перскискиот Шах
Еден од најдобрите примери за исламската уметност и мајсторија. Ова илустрирано фолио датира од 1500 година и е специјално направено за Шахот на Персија. Продадено е на аукција во Лондон во 2011 година за 12,5 милиони долари.
Смарагдно – дијамантска тијара
Смарагдно – дијамантската тијара е ексклузивно парче накит кое некогаш им припаѓало на сопругата на Наполеон Трети и на Катерина, втората сопруга на германскиот принц Гидо. Тијарата е продадена во Женева во 2011 година за 12,7 милиони долари.
Златен триножен сад од династијата Минг
Владеењето на Минг динасијата е најпознатиот период од кинеската историја, кога се работи за артефакти. Овој триножен сад е од 18 каратно злато облеано со бисери, рубини и други благородни метали. Во 2008 година е продаден за 15 милиони долари.
Розово – сино бардаче од бел порцелан
Датира од времето на династијата Кинг Лонг. Бардачето е направено во периодот од 1736 до 1795 година и покрај тоа што оваа форма е карактеристична за 19 век. Бардачето изобилува со прекрасна комбинација на порцелан со бои на кои се нацртани две феникс птици. Бардачето е продадено во 2010 година за 16,5 милиони долари.
Олифант – труба за борба и лов
Олфантот е вид на труба со која се означувало почетокот на борбата. Таа исто така се користела и за време на лов. Изработена е од стара слонова коска. Потекнува од 11 век од Скандинавија и е една од шесте труби од овој вид кои некогаш постоеле во светот. Трубата е продадена за 17 милиони долари.
Кодeкс Лестер на Леонардо да Винчи
Именуван по Ерл од Лестер, кој го купил овој документ на Леонардо да Винчи во 1719 година. Документот содржи теории, цртежи, географски и астролошки знаци, елементи… Во 1994 година негов сопственик станал Бил Гејтс, кој платил 30,8 милиони долари.
Бадминтон кабинет
Се смета за едно од најдобрите француски парчиња на мебел. На него работеле 30 столари на кои им биле потребни шест години да го завршат. Мебелот е обложен со многу благородни метали меѓу кои аметист, лапис лазури… Ова парче мебел некогаш му припаѓало на принцот од Лихтенштајн, а во 2004 година е продадено за 32 милиони долари.
Вазна од династијата Кинг
Вазната датира од 1740 година и е доказ како некои случајни предмети кои биле користени за време на династијата Кинг на аукција можат да достигнат вртоглави цени. Нејзината цена е проценета на еден милион долари, но кога таа се појавила на аукција во 2010 година, преку наддавањето достигнала цена од 81 милион долари.