Банките лани си ја зголемија добивката за 8,5%

40
People withdraw money using machine

Во 2020 година, домашниот банкарски систем оствари повисока добивка од
работењето (за 8,5%), во споредба со претходната година. Структурно
анализирано, растот на финансискиот резултат се должи најмногу на зголемувањето на капиталната добивка остварена од продажба на преземени средства, но и на остварените приходи од наплата на отпишани побарувања, стои во Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година

Одредено, но релативно мало, влијание врз растот на добивката имаше и намалувањето на оперативните трошоци, како и растот на нето каматниот приход. Наспроти ова, забележан е раст на трошоците за исправките на вредноста на финансиските и нефинансиските средства, како и намалување на приходите од провизии и надоместоци (под влијание на здравствената криза, банките ги укинаа провизиите за дел од своите услуги, претежно оние поврзани со електронско банкарство).

Стапката на поврат на просечната актива се задржа на истото ниво, од 1,3%, како и во
2019 година, додека стапката на поврат на просечниот капитал и резерви е малку пониска, на годишна основа и изнесува 11,3%. Евентуалното остварување на кредитниот ризик во Извештај за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година
наредниот период ќе ги зголеми трошоците за исправка на вредноста во билансите на
успех на банките, што, пак, ќе се одрази и врз нивниот финансиски резултат. Покрај тоа, продолженото времетраење на кризата и последиците од неа може да предизвикаат и идно намалување на обемот на активности и последователно, намалување на приходите на банкарскиот систем.

Изложеностите на банкарскиот систем на валутниот и ризикот од промена на
каматните стапки во портфолиото на банкарски активности забележаа извесно
годишно зголемување, до нивоата од 10,1% и 8,8% од сопствените средства, соодветно, што и натаму е прифатливо и далеку под пропишаните лимити.

Сите показатели и констатации, изнесени во овој извештај, како што се наведува, се потврда за високата отпорност на банкарскиот сектор на шокови и за потенцијалот на системот за поддршка на закрепнувањето на економијата и во следниот период.

Сепак, неизвесноста околу конечното надминување на здравствената криза и ризиците врз реалниот сектор и врз банкарскиот систем и натаму се високи. Од тие причини, на почетокот на 2021 година, Народната банка донесе времена мерка (со важност најдоцна до крајот на годината) за ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Мерката има превентивен карактер и е насочена кон натамошно зголемување на
отпорноста на банкарскиот систем и одржување на стабилноста, како и за обезбедување натамошна солидна кредитна поддршка за граѓаните и на корпоративниот сектор.

Народната банка, како и секогаш до сега, будно ги следи сите случувања и е подготвена да ги преземе сите потребни мерки што се во нејзина надлежност, заради одржување и натамошно јакнење на стабилноста и капацитетот на банкарскиот систем, за да може тој успешно да им одговори на потребите на економијата за побрзо закрепнување од коронакризата.

Фото: Freepik