Бетон ќе исплаќа дивиденда од акумулираната добивка до 2008 година

46

beton-dg1

Градежната компанија Бетон донесе одлука за исплата на дивиденда од акумулираната добивка до 2008 година.

“Со оваа одлука се врши распределба на дел од акумулираната добивка до 2008 година и тоа: за исплата на дивиденда во бруто износ од 67.656.880 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Бруто дивидендата по акција изнесува 1.240 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 27.06.2016 година. Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 30.06.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 28.06.2016 година.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30.09.2016 година.

Компанијата, исто така, донесе одлука за распределба на нераспределената добивка од работењето во 2015 година.

“Добивката остварена од работењето на Бетон во текот на 2015 година во износ од 91.088.998 денари се распределува како реинвестирана добивка“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.