Бим од Свети Николе за три месеци прокнижи еден милион денари добивка

23

bim-sveti-nikole

Компанијата за производство на материјали за хидроизолација на база битумен, Бим од Свети Николе во првите три месеци од оваа година прикажа добивка од 1.024.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 31-ви март лани, компанијата работеше со загуба од 1.349.000 денари.

“Во првото тримесечје од 2017 година, остварен е приход од продажба во износ од 41.558.000 денари. По структура на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 38%, додека од странски пазар со 62%“, стои во Образложението на билансот на успех.