Бизнис лекции што ги научивме за време на пандемијата

112

Пандемијата на коронавирус многу влијаеше на нашиот живот, но и на деловните навики и погледи на светот, а многумина од нас веќе се однесуваат поинаку отколку пред година и пол.

Тешките времиња бараат брзо соочување со предизвици и уште побрзо извлекување на поуки кои ќе не водат напред без оглед на лошите околности и кризата која не затекна неподготвени.

И покрај сè, компаниите кои го разбраа “новото нормално”, излегоа победници во оваа криза. Она што можеме да го извлечеме како поука од нивното искуство се следниве лекции:

Долгорочно планирање е неопходно

Бизнисите кои имаат јасно дефинирани деловни цели полесно се прилагодуваа на ситуацијата, затоа што знаеја за какви резултати треба да се борат и како да ги усогласат своите активности со однапред дефинирана деловна стратегија. На кратко, тие беа поподготвени да се променат, бидејќи тие ги определија елементите на нивниот план што сакаат да ги зачуваат дури и во екстремни околности.

Флексибилноста е клучна доблест

Бизнисите кои најдоа начин брзо да се прилагодат на новонастанатата ситуација имаа поголеми шанси за успех и остварување профит. Ова се бизниси кои беа подготвени веднаш да реагираат и да ги следат трендовите за да обезбедат подобри резултати. Развивањето на прилагодливост како централна вредност ќе ви помогне да преживеете во ситуации кои се предизвикувачки и исцрпуваат.

Следењето на глобалните трендови е задолжително

Не можете да донесувате правилни одлуки, засновани на информации, ако гледате само на вашето непосредно опкружување. За да биде можно и краткорочно и долгорочно планирањето, потребно е да се погледне во поширокиот контекст и да се извлечат заклучоци за потенцијалните пречки со кои ќе се соочите, но и за можностите што можете да ги искористите. Ангажирање на консултант исто така може да ви помогне да се фокусирате на важни трендови и да ги интегрирате во вашиот бизнис.

Фокусирање на дигитални канали

Дигиталните канали станаа клучни за комуникација и продажба за време на глобалната пандемија. На деловните субјекти кои брзо успеаја да ги пренасочат своите активности на онлајн канали им беше дадена можност подобро да се поврзат со заедницата која беше поактивна во изминатите месеци од кога било на овие платформи.

Фото: Pixabay