БНБ ќе прави стрес тестови на банките најмалку еднаш годишно

23

bnbБугарската народна банка (БНБ) ќе ги изложува банките на стрес тестови барем еднаш годишно. Со истата динамика ќе ги проценува ризиците на кои се изложени банките или може да бидат изложени. Ова е предвидено со измените во Законот за кредитни институции што ги одобри Народното собрание, пренесуваат бугарските медиуми.

Со измените е предвидено БНБ да подготвува план за надзорни проверки на банките еднаш годишно, во кој ќе ги наведува банките за кои проценила дека треба да се проверат. На задолжителна проверка ќе подлежат банките чии стрес тестови покажуваат ризик за финансиската стабилност. Централната банка може за постојано да испрати свој претставник во банките кои се предмет на систематски надзор.

БНБ ќе подготвува план за контролирано преструктуирање на секоја банка во случај таа да западне во финансиски проблеми. Централната банка ќе ги објавува утврдените прекршувања и наложените административни санкции, со исклучок само при опасност од нарушување на финансиската стабилност или очекувани штети врз засегнатите банки.