Бонитетни компании од регионот потпишаа Протокол за соработка

27

Group of business people assembling jigsaw puzzle

Бонитетни компании од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија и Хрватска потпишаа Протокол за соработка во Бања Лука, пишува Екапија.

Главна цел на Протоколот е меѓусебна соработка на компаниите потписнички во пружање услуги коишто се однесуваат на деловни информации, односно унапредување на работата преку слободен пристап до информациите.

Се очекува на тој начин бонитетните компании да го намалат ризикот и неликвидноста во регионот, а развојот на соработката ќе ја зајакне правната и финансиската сигурност на учесниците на пазарот.

Во рамки на меѓусебната соработка, компаниите по потреба ќе организираат заеднички трибини, форуми и други собири насочени кон донесување и реализација на одлуки, а ќе работат и на планирање, осмислување и спроведување на проекти од заеднички интерес.

Свои потписи на Протоколот ставија претставници од компаниите: BI Consulting од Црна Гора, LRC BIS од Босна и Херцеговина, Tron System исто од Босна и Херцеговина, EBonitete од Словенија, CUBE Risk management solutions од Србија и EL Concept од Хрватска.