Дел од добивката на Патнички сообраќај Транскоп ќе се акумулира, остатокот за законски резерви

48

transkop bitola

Патнички сообраќај Транскоп од Битола донесе одлука за употреба и распоредување на добивката по годишна сметка за 2015 година.

“Добивката по оданочување по годишна сметка на Патнички сообраќај Транскоп од Битола за 2015 година во износ од 4.191.653.000 денари се распоредува како што следи: за законски резерви 628.748 денари и 3.562.905 денари како задржана акумулирана добивка за инвестициски вложувања“, стои во одлуката.

Добивката којашто се распоредува во задржана (акумулирана) добивка за инвестициски вложувања, како што се наведува, ќе служи за развојни цели, односно за вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста.

Основна дејност на компанијата е превоз на патници во земјата и во странство.