Дивиденда од пет милиони денари за акционерите на Факом

101

Собранието на акционери на Факом донесе одлука за распределба на нераспределената добивка од 2009 година за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

“Со оваа Одлука се врши распределба на нераспределената добивка од 2009 година во износ од 5.000.000 денари за исплата на дивиденда во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Македонија“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Износот на дивиденда за една акција во бруто износ е 74,63 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2009 година е 18.06.2020 година. Датумот на евиденција на акционерска книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2009 година е 22.06.2020 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 19.06.2020 година.

Исплатата на дивидендата, како што е наведено, ќе се изврши најдоцна до 30.09.2020 година.

Собранието на акционери на Факом, на својата седница, донесе и одлука за употреба на нето добивката за финансиската 2019 година.

“Со оваа одлука се врши распределба на остварената нето добивка за финансиската 2019 година, којашто изнесува 2.780.902 денари, од коишто 50% ќе се искористат за инвестиции“, стои во одлуката.

Фото: Freepik