Дивиденда за акционерите на Европа

64

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа донесе предлог одлука за распределба на добивката. Според предлог одлуката, нето добивката од 2020 година во износ од 80.758.967 денари, ќе се распредели на: дел за дивиденда (13.802.040 денари), награда за членови на одборот на директори (13.214.692 денари) и нераспределена добивка (53.742.235 денари).

Пред собранието на акционери на Европа, што ќе се одржи на 11-ти мај оваа година, ќе биде и предлог одлуката за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда. Според предлог одлуката, дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 60 денари.

Според дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е први јуни оваа година, а прв ден на тргување без право на дивиденда е втори јуни. Датум на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е трети јуни.

Дивидендата, според предлог одлуката, ќе се исплати најдоцна до 30-ти септември оваа година.

Фото: Facebook