Добивка од 16,9 милиони денари за Мода Свети Николе

63

moda sveti nikole

Акционерското друштво Мода Свети Николе во првото тримесечје од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 16.921.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, текстилната компанија прикажа добивка од 239.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 31-ви март 2016 година, достигнаа 71.233.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 6.550.000 денари, додека поголемиот дел од 64.683.000 денари отпаѓа на продажба во странство.