Добивка од 238 милиони денари за УНИ Банка

84

УНИ Банка за девет месеци од оваа година прикажа добивка од 238.083.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, банката евидентираше добивка од 161.889.000 денари.

“Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 238 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи, стои во Образложението на финансиските резултати.

Нето приходите од камата, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа 639.650.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 580.689.000 денари.

“Во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 72,2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период од 2019 година се зголемени за 6,9%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголеми за 3,3% и достигна ниво од 16,9 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население  и соодветно е остварен годишен пораст од 6,9% на приходите од камати на население“, стои во Образложението.

Фото: Facebook