Добивка од над 266 милиони денари за Мермерен комбинат од Прилеп

28

mermeren-kombinat-prilep-580x327

Мермерен комбинат од Прилеп оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 266.308.000 денари, покажува билансот на успех за период од први јануари до 30-ти септември, објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прикажа добивка од 387.826.000 денари.

Вкупните приходи од продажба беа на ниво од 743.711.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 38.566.000 денари, додека поголемиот дел од 705.145.000 денари се остварени на странски пазари.

“Мермерен комбинат од Прилеп за периодот од први јануари до 30-ти септември 2015 година оствари приходи од продажба во износ од 743.711.000 денари, што претставува намалување за 18% споредено со истиот период лани“, се вели во Коментарот на билансот на успех.