Добивка од над еден милион денари за Технокомерц во првите три месеци од 2017 година

27

tehnokomerc

Добивка од 1.017.000 денари прикажа компанијата Технокомерц, стои во тримесечниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првите три месеци од 2016 година, компанијата евидентираше добивка од 4.586.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Технокомерц, заклучно со крајот на март оваа година, изнесуваа 50.541.000 денари. На домашен пазар отпаѓа поголемиот дел од 50.392.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 149.000 денари.

Технокомерц АД Скопје во својата деловна активност вклучува внатрешна и надворешна трговија со: резервни делови за товарни и полутоварни возила, автобуси, градежна и рударска механизација; гуми за возила; индустриска стока; црна и обоена индустрија; градежна механизација и слично.