Добивката на Агромеханика за покривање на загубата, резерви и дивиденда

28

agromehanika-300x119

Агромеханика донесе предлог одлука за распоредување на нето добивката остварена по Годишна сметка за 2016 година.

Нето добивката во износ од 58.883.146 денари ќе се дели за: покривање на загуба од работењето од минатите години – 23.234.629 денари; законски резерви од 2.944.157 денари и дивиденда на акционерите во вредност од 32.704.360 денари. Износот на дивиденда што ќе се исплаќа ќе биде 840 денари по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 06.04.2017, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2016 година е 07.04.2017. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2016 година е 11.04.2017, а како ден за исплата на дивидендата се утврдува 12.04.2017 година.

Агромеханика донесе и предлог одлука за покривање на загубата од минатите години во износ од 35.378.629 денари. Загубата ќе се покрива од нето добивката остварена по годишна сметка во износ од 23.234.629 денари, а 12.144.000 денари ќе се покријат од резервите на компанијата.

“Со покривање на загубата, компанијата се стекнува со можност остатокот од нето добивката за 2016 година да го искористи за исплата на дивиденда на акционерите“, стои во предлог одлуката.