Добивката на Окта за дивиденда, остатокот ќе се акумулира

23

okta1

Компанијата Окта донесе одлука за распоредување на добивката остварена во текот на минатата година. Нето добивката, како што се наведува, е во износ од 81.173.392 денари.

“Дел од нето добивката во износ од 61.784.280 денари ќе биде распределена како дивиденда. Останатиот дел од нето добивката во износ од 19.389.112 денари да се распореди како нераспределена добивка во акумулирана добивка“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Според одлуката за определување на износот на дивидендата за 2015 година, дивидендата во бруто износ од 73 денари по акција ќе биде дистрибуирана на акционерите.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 14.06.2016 година. Првиот датум на тргување без право на дивиденда е 15.06.2016 година.

Датумот на којшто се определува листата на акционери со право на дивиденда за 2015 година ќе се утврди врз основа на акционерската книга на 20.06.2016 година. Исплатата на дивиденда ќе започне од 25.07.2016 година.